Македонските навивачи кои присуствуваат на фудбалскиот натпревар Лихтенштајн – Македонија во 59 минута им оддадоа почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.

Во пожарот животот го загубија 59 лица, а навивачите скандираа „Кочани, Кочани“ од трибините во нивна чест.

Фудбалерите натпреварот го играат во темни дресови поради големата трагедија.

Натпреварот на македонската фудбалска репрезентација е почеток на квалификациите за Светското првенство 2026.