Неносењето заштитна маска во овие времиња, може да биде кобна грешка. Но, еве што беседеше министерот за здравство Венко Филипче, таму некаде на почетокот на кризата со Ковид 19. И колку и да барате, нема да најдете лекар, посебно од лекарите кои сега вината за несериозното сфаќање на вирусот ја гледаат исклучиво кај дел од граѓаните, кој тогаш јавно рекол: „Што зборува глупости човеков!“
Тоа е отприлика и времето кога почна ПР кампањата „Слушај го Венко“.
Е слушај го де, ама кој Венко? Тој од ова видео или некој друг?
Инаку, кога клучниот епидемиолог на американскиот претседател Доналд Трамп, Антони Фанучи, кој се уште смета дека маските не се 100 отсто заштита, но подобро е да се носат, отколку да не се носат, на 16 јуни го прашаа зошто на почетокот од епидемијата не им рекоа на луѓето дека треба да носат заштита, тој одговори дека така постапиле зашто во тоа време, заштитна опрема, како за луѓето така и за медицинските лица, едноставно немало во доволни количини!
И како го решиле проблемот? Така што им кжаа на луѓето дека маските можат да бидат и штетни и дека затоа не се задолжителни.
Истоветни беа и тогашните беседи до СЗО. И после се лутат кога некој не ги сфаќа сериозно, па се загрозува и себеси и другите.