Колона од 19 службени возила, во кои се возеа премиерот Димитар Ковачевски, министри и други функционери беше на увид на изградбата на пат од 19 км кој требало да биде готов уште лани.

– Остај што десетина функционери се наредија во Маврово, па и Генералниот секретар на партијата сте го земале со себе. А башка бевте на увид на градежните работи на пат кој што веќе требаше да биде завршен на 12 август 2021 година, датум кој е наведен како рок кога треба да завршат градежните работи, објави ТВ Клан Македонија.

И на крај, коментира новинарот Фуркан Салиу, одговорот од Ковачевски на секое прашање е: „Јас не знам, јас лично не се мешам…“

Видеото може да го отворите ТУКА.