Тоа се суштински разлики меѓу два концепти: Едниот на Мицкоски кој влече назад, кој е против развој и интеграција и вториот, на СДСМ и претседателот Зоран Заев кој води напред кон економски раст и развој, истакна на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Во продолжение целата говоранција на Костадинов на прес-конференцијата:
Христијан Мицкоски денеска продолжи со незрело, деструктивно однесување, онака како што се однесува за целото време на оваа здравствена криза. Лажни веси, деструкција, конструирани случаи и непочитување на мерките, тоа е она што Мицкоски им го нуди на граѓаните за време на пандемијата и за време на сите овие 2,5 години откако ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.Граѓаните многу добро видоа како додека лекарите и сите здравствени работници деноноќно се борат со коронавирусот, Мицкоски за тоа време се шеташе по тератени и по Водно без притоа да ги почитува мерките и задолженијата.
Наместо да помага, Мицкоски постојано одмагаше и преку лажни вести се обидуваше да ја вознемирува јавноста. Прво лажеше дека имало само 100 теста за коронавирус, потоа дека 140.000 граѓани останале без работа. Иако овие лаги беа демантирани од страна на институциите, Мицкоски не престана со ширење лажни вести.Згора на се, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дозволи непочитување на мерките и препораките и го загрози здравјето на граѓаните.Овие денови ги гледаме последиците од оваа неоговорност, имаме нов број заразени од вирусот.
Но, здравстените институции имаат капацитет и ќе се справат со оваа ситуација. Многу е важно да разбереме дека вирусот е тука и затоа сите мора да ги почитуваме мерките за заштита. Јасна е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со сите сили се обидуваат да ја држат земјата во неизвесност, СДСМ за само три години покажа како се работи одговорно и отчетно во интерес на граѓаните и државата.
За само три години, Владата предводена од СДСМ успеа да обезбеди економски раст и развој, да обезбеди повеќе пари кај граѓаните, да ја врати државата на евроинтеграцискиот пат.
Од минус 1,8 во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, обезбедивме раст од 3.6 отсто на БДП. Бројот на вработени лица го зголемивме за над 67.000 нововработени, а стапката на невработеност ја намаливме за 6 отсто. Со СДСМ минималната и просечната плата растат многу побрзо отколку со ВМРО-ДПМНЕ. Зголемени се платите во сите сектори, а сериозно зголемување на платите има во јавното здравство и кај лекарите, но и кај техничко-помошниот персонал.
Од изолирана и држава раскарана со соседите, денес Република Северна Македонија е 30 земја членка на НАТО и започнува преговори со Европската Унија. Од „заробена“ држава денес сме држава во која човековите права и слободи се почитуваат и заштитуваат, држава во која институциите работат за граѓаните а не за политичките партии. Тоа се суштински разлики меѓу два концепти.Едниот на Мицкоски кој влече назад, кој е против развој и интеграција и вториот, на СДСМ и претседателот Зоран Заев кој води напред кон економски раст и развој. Без разлика колку и да не му се допаѓа на Мицкоски, државата, институциите успешно се справуваат со коронакризата и истовремено се посветени на реализација на мерките што обезбедуваат брза трансформација на нашата македонска економија.