ЈАНЕВА: Орце е валкан и злобен играч, но се за*бал, мене не можеше да ме купи, а Вилма нека пукне од завист!

/ 02.06.2020

„Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој друг може да го купи, ама мене не можеше – рече Катица Јанева во својот завршен збор пред судот во случајот „Рекет“, пренесува Курир.

„Јас да лежам во притвор, за Орце Камчев. За Орце Камчев јас девет месеци лежам во притвор, за недокажани пари кои наводно ги дал некаде. Каде ги дал? Што ќе беше ако не беа пари, ако беше шеќер. Што ќе шмркаше кокаин?“ – додаде Јанева.

Јанева објасни дека доаѓала од судско семејство и дека имала пари, и други не и требале за да се издржува. Таа сама се издржувала како што објасни.

Заслужувам пофалба и од обвинителската и од судската фела дека за 35% ви е покачена платата, заради мене. Затоа што јас кажав дека на обвинителите им требаат пари за да се борат со криминалот, објаснува Јанева во својот завршен збор, додавајќи дека таа не требало да седи тука (во судница/притвор).

Многумина ја молеле да дојдат и да работат во СЈО, а ја молеле и некои „други личност“ да вработува луѓе во обвинителството кое го водеше, тврди Катица Јанева.

„Обвинителството треба да се води. Не се работи до 4 саатот, па после да брзаш да се напиеш по една ракиичка, салатичка и во кафана. Тие не ги одбрав, не ги одбрав тие што кризираат ако не се напијат по една до 4 попладне.“ – рече Јанева, додавајќи дека „пијаници, нереализирани луѓе кои остареле а не постигнале ништо во животот не ми требаат“ – објасни Катица Јанева, алудирајќи на обвинителката во нејзиниот случај, додека објаснуваше за луѓе кои ја молеле за работно место во СЈО.

Таа додаде дека се срами од судијата во процесот Васка Масевска, бидејќи тројца судии од судечкиот совет во „Рекет“ прифатиле обвинение без да бидат доставени половина од доказите.

„Изеде ме туџа срамота што би рекле Србите. Јас се срамам што сум била дел од ова, од овој систем. Секоја чест судијке“ – рече Јанева.

Таа ги спореше доказите кои ги претставило обвинителството, особено фотографијата на која се гледа Катица Јанева со куп пари.

„Јас на таа слика се гледа јасно дека сум болна. Не играм чучек – срамота!“ – рече Јанева.

Во продолжение на својот завршен збор, таа истакна дека помеѓу нејзе и застапничката на обвинението (Вилма Русковска) не постои анимозитет, туку завист.

„Ама ако, нека пукне!“ – рече Катица Јанева.

Пресудата е најавена за 18 јуни.


Од истата категорија