Кога правилно се изговара името на Република Македонија, кратенката на партијата на власт е СДСМ, но кога нејзиниот лидер си ја има „придавката на капата“ се подзбунува, подголтнува и изговара СДСМСМ.
Тоа му се случи на бившиот премиер и актуелен претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Во еден од неговите последни партиски говори Ковачевски користи нова кратенка за неговата партија. Толерантните велат дека ова е само уште еден гаф, од многуте, на Ковачевски.
Но, „теоретичарите на заговори“ велат дека наскоро имете ќе го смени и партијата (СДСМ – СДССМ), која го смени името на државата Република Македонија, додаде Северна и избриша „македонски“ пред речиси сите македонски национални институции, како Македонскиот народен театар, Македонската опера и балет, Македонски железници, Македонски шуми, Македонска пошта, Македонска информативна агенција итн.
Сепак не успеа да си го смени само своето име и кратенка, но власта предводена од СДСМ не успеа да и го смени името и на Македонската радио-телевизија (МРТ). Па и денес, слушаме Македонско радио и гледаме Македонска телевизија.
Тешко е и збунувачки, кога си ја ишкаш мувата од капата, особено пред избори, кога народот треба да процени и да гласа за тоа „колку мед му донесела мувата“.
(Д.Г.)