Албанската опозиција го обвинува Бујар Османи за, како што велат, оценката за земјава од страна на ОБСЕ како кревка демократија. Поради страв од нерегуларности на претстојните претседателски и парламентарни избори, ОБСЕ одлучи да го надгледува процесот со 24 долгорочни набљудувачи и 300 краткорочни. Од албанската опозиција велат дека вакви оценки за изборниот процес немало уште од ‘90-ттите години на минатиот век.

„Ако оваа ситуација е за плачење, тогаш виновникот е Бујар Османи затоа што тој беше актерот што директно влијаеше на овој пристап што ОБСЕ го има кон земјата. Затоа, Бујар Османи има обврска да разјасни зошто е таква оценката на ОБСЕ и второ – исто така важно – врз основа на кои анализи и аргументи Бујар Османи во 2023 година оцени дека изборите во Северна Македонија можат да произведат нестабилност? Кој му ги дал овие информации и зошто до сега транспарентно не ги споделил со јавноста? Тоа нужно го наметнува прашањето дали ДУИ подготвува терен да предизвика политичка криза по изборите за да може техничката влада на Талат Џафери да го продолжи својот технички живот?“, рече Амир Елези, „Вреди”.