Македонскиот пејач Влатко Лозаноски синоќа на манифестацијата Music Awards Ceremony 2020 (МАС), што се оддржа во Белград во Србија го поправи водителот со забелешка дека тој е од Македонија, а не од „Северна“ како што беше најавен.

Лозано на манифестацијата го го доби признанието за најдобра поп фолк нумера.

– Поздрав до сите кои што гласаа за „Мајко“ една од моите омилени песни и голема благодарност за моите во Македонија. И морам да го поправам Сале „тоа е Македонија, а не со тој додаток што го кажа предмалку, рече Лозаноски.

https://www.youtube.com/watch?v=P64bnucktnk&feature=emb_logo