Еден од двајцата мафијаши кои денеска ги откри ВМРО-ДПМНЕ е и Стефан Џукиќ кој е осомничен за обид за убиство на еден од водачите на така наречениот „Кавачки клан“, пишува Курир.
Обидот за убиство се случил во Киев, Украина, а името е Радоjе Звицер.
Стефан Џукиќ во тоа време имал македонски пасош на име Каче Герѓи.
Од моментот за обид за убиство на водачот на „Кавачкиот клан“ објави и заменик министерот за внатрешни работи на Украина минатата година на 27 мај.
Станува збор за обид за убиство на Радој Звичер (37) во центарот на Киев.
Тој бил ранет со неколку куршуми од кои три во градниот кош.
На местото се гледа и мерцедес смарт кој напаѓачите го користеле за да побегнат, а потоа сакале и да го запалат.