Гласот од мајката и патриотизмот од таткото го наследила малата Мелани Тарчуловска, ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски, која покажа дека има талент за пеење.
Малата Мелани во Анталија во Турција, на караоке музички настан, пред две-три илјади публика ја запеа „Македонско девојче“ и кажа дека доаѓа од Македонија, по што доби силен аплауз.
На настанот млади изведувачи пееле песни од светски познати пејачи, но нашата Мелани се одлучила да ја испее најпознатата македонска песна.
Мелани од оваа година е ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски – ЛУЈ“, а нејзината желба е да продолжи по стапките на нејзината мајка и да стане врвен вокалист.