Хариет Робсон, девојката на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, го обвини фудбалерот за насилство.

Робсон на социјалните мрежи објави серија видеа и фотографии на кои покажа дека има бројни модринки по телото, а усната и е раскрвавена.

– Ова е она што Мејсон Гринвуд навистина ми го прави – напиша девојката под видеото.

Робсон на својот Инстаграм објави и аудиоснимка на која се слуша машки глас, кој најверојатно му припаѓа на напаѓачот на Манчестер јунајтед. На оваа снимка може да се слушне дека маж грубо се обидува да ја убеди девојка да имаат сексуални односи против нејзина волја.

Во сезоната 2021/22, Гринвуд настапи на 24 натпревари за Манчестер јунајтед, постигнувајќи шест гола и две асистенции.

Видеото може да го отворите ТУКА.