Зoшто фамилијата е непријател? Зoшто семејството е толку застрашувачки поим? Има само еден одговор на овие прашања. Затоа што тoа нè дефинира. Затоа што тоа е нашиот идентитет, истакнува во својот говор лидерката на победничката коалиција и идна премиерка на Италија, Џорџа Мелони.

– Јас не можам да се кажам Италијанка, христијанка, жена, мајка. Не! Морам да бидам граѓанин Х, род Y, родител 1, родител 2. Јас морам да бидам број. Затоа што кога сум само број, кога повеќе немам ни идентитет ни корен, дури тогаш сум совршен роб на милоста на финансиските шпекуланти. Совршен потрошувач, вели Мелони.

Таа најавува дека дошла на функцијата бидејќи „огнови ќе се запалат за да сведочат дека два и два се четири“, цитирајќи го Гилберт Честертон.

– Денес бараме одговори на следниве прашања. Зoшто фамилијата е непријател? Зoшто семејството е толку застрашувачки поим? Има само еден одговор на овие прашања. Затоа што тoа нè дефинира. Затоа што тоа е нашиот идентитет. Затоа што сè што сме, сега е непријател за оние кои не сакаат да бидеме свои и просто сакаат да бидеме робови на конзумеризмот. Затоа удираат по националниот идентитет, затоа го напаѓаат верскиот идентиет, па родовиот и во крајна линија семејниот идентитет, вели Мелони.

Таа натаму продолжува:

– Затоа се плашат од нас. Затоа ова предизвикува толку многу страв. Затоа што ние не сакаме да бидеме само бројки. Ние ќе ја браниме вредноста на човекот. Секој еден човек. Бидејќи секој од нас има единствен генетски код што е неповторлив. Им се допаѓало тоа или не, тоа е светост. Ние таа светост ќе ја браниме. Ќе го браниме Бога, татковината и семејството. Нешта од кои некои се гадат. Ќе ги браниме за да ја одбраниме нашата слобода, бидејќи никогаш нема да бидеме робови и прости конзументи во милост на финансиските шпекуланти, нагласува Мелони.

На крајот од говорот поентира со огнот, мечот времето:

– Тоа е нашата мисија. Затоа дојдов јас овде денес. Пред повеќе од век, (Гилберт) Честертон напиша: „Огнови ќе се запалат за да сведочат дека два и два се четири. Меч ќе се извади за да се докаже дека лисјата на лето се зелени. Дојде време, Господа. Спремни сме. Ви благодарам, завршува Мелони.

Видеото од говорот на Мелони, на италијански и титлувано на хрватски јазик, може да го погледнете ТУКА.

https://www.facebook.com/watch/?v=1130932357834004