Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во јуни, а селективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините, објави поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник, Антонио Милошоски.

– Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претседателски избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат во 2020 година, за време на хрватското претседателство. Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8 до 10 години, објави Милошоски преку Фејсбук.

– Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во Јуни, селективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините- Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претс избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на Хрватското претседателство- Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години

Gepostet von Antonio Milososki am Dienstag, 9. April 2019