Повеќе од 80 возила учествуваа во верижниот судар што вчера (четврток) се случи на северот на Италија, во кој едно лице загина, а 37 се повредени, објавија италијанските медиуми.
До сударот дошло поради густата магла и слабата видливост на автопатот кај Верона.
Како што пренесе весникот Месаџеро, шест повредени лица се наоѓаат во многу тешка состојба.
Некои медиуми објавија дека во судирот учествувале 100 возила.