Денеска видовме како актуелната власт го слави Илинден во Крушево, во Пелинце и на скалите пред претседателската вила на Водно во Скопје.
Атмосферата од овие прослави, без народ, изгледаше траорно и повеќе налик на погреб отколку на прослава на најсветлиот национален македонски празник Илинден.
Од видеото можете да видите како слави народот, кога актуелната власт не е организатор. Спроти Илиднен од Скопје тргна традиционалната комитска коњица, а нивниот пречек и атмосфера во велешкото село Теово беше со повеќе народ и повеличествен отколку денешните прослави во Пелинце, Крушево и пред скалите на вилата на Водно.
Коњаниците кои од Скопје тргнаа на 27 јули од црквата Св. Петар и Павле во Лисиче попатно беше пречекувана со восхит од народот и народни веселби и на повеќе други места каде што престојуваа. Годинава во нивниот состав имаше и три девојки.
Видеото може да го отворите и ТУКА.