Агела Меркел ја обвини дехидрацијата откако почна видливо да и се тресе телото на жешкото сонце во Берлин при пречекот на украинскиот претседател Володомир Зеленски, пишува Гардијан.
Додека воениот оркестар ги свирел химните на двете држави, телото на канцеларката почнало неприродно да се тресе, а таа се обидувала да ги смири усните и да ја држи ситуацијата под контрола, истканува весникот.
Како и да е, таа делувала подобро кога подоцна на прес конференција ја прашале за настанот.
„Откако испив три чаши вода, кои очигледно ми беа потребни, се чувствувам много подобро“, изјавила Меркел.
Таа пријателски му се насмевнала на Зеленски кога тој им рекол на новинарите дека канцеларката била сигурна додека тој стои крај неа, пренесува АП.
Меркел следниот месец ќе наполни 65 години. Не е познато дека има било каква здравствени проблеми.