Пулицерова награда обезбедена. Утре очекувајте и читајте колумни и коментари од комуњарските ведети: Бабата на Антонио Милошоски умрела, пратеникот лаже дека му се заканувала ако гласа за смена на името!
Инаку, повод за ова е мајтап коментарот на Милошоски врз твитот на Јоханес Хан со кој го запраша еврокомесарот каде во ЕУ да ја пријави баба му која му се заканувала дека ќе му летне главата ако гласа за Преспанскиот договор, односно за уставните измени. Претходно, Хан на Твитер напиша дека пратеници од ВМРО–ДПМНЕ кои имаат закани, уцени и притисоци од партијата и раководството да се одважат и да пријават кај надлежните органи во Македонија, но и во амбасадата на ЕУ во Скопје, која ќе се погрижи за нивната безбедност.
Така, дојдовме до тоа дека Хан напиша, Милошоски тераше мајтап, а ТВ 21 сериозно го разоткри!