За Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ова е важно прашање и дека треба да се постапи онака како што разумот и срцето зборува колку тоа и да е тешко.
– Веројатно ова е една од точките во животот кој што секој од нас присутен во оваа сала ќе ги памети и ќе ги раскажува на следните поколениија како се поставил во одредена ситуација, можеби и најбитната во животот како предизвик и оттука мораме да постапуваме онака како што разумот и срцето ни зборува колку и да е тешко, колку и да имаме лични судири во своите убедувања едноставно мораме да постапуваме така како што размислуваме, истакна Димовски.
Според него одлуката СДСМ сама да влезе во овој процес е одлука која што го погреба овој процес преку неколу елементи. – Одлуката да пристапи без учество на ниту еден претставник од опозицијата, да се потпише договорот пред да и се покаже на опозицијата и одлуката на СДСМ без ВМРО-ДПМНЕ да распише референдум, појасни Димов.
– Ваков стратешки договор без политичка поддршка од двете македонски идеолошки крила е невозможно да живее, потенцира Димовски.
Порача дека решението е заедништво, единство и консензус и враќање на состојбата со Резолуцијата едногласно утврдена во 2008 година.