Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна, објави вечерва познатата македонска група Некстајм, која го претстави новиот видео запис на позната македонска народна песна „Кога падна на Пирина, ранет Јане Сандански…“

– Со гордост ви го претставуваме нашиот најнов видео запис! Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди, се вели во објавата на Некстајм на нивниот профил на Фејсбук.

Видеото со новиот спот на Некстајм може да го отворите ТУКА.