На социјалните мрежи е објавено видео на кое е прикажана композиција натоварена со воена опрема за која се тврди дека крајната цел и е во Украина.

Каналот Рибар на Телеграм објави дека Македонија ѝ испратила нов контингент помош на Украина со воз преку Грција, Бугарија и Романија треба да стигне во Украина.

На видеото може да се види дека во композицијата од товарниот воз со опремата, а има и патнички вагон, во кој наводно патувал воениот персоналот од Украина кој ја презел опремата.

Како што се тврди товарниот воз тргнал од Скопје на 7 ноември. Од видеото може да се види дека во возот има различни видови инженериска опрема, машини, камиони, џипови, амбулантни возила, булдожери и друго.

Наводно пратката било планирано да биде испратена во Украина уште во август, но поради ненаведени причини, трансферот бил одложен, се додава во написот што го пренесуваат бугарски медиуми.

На 9 ноември возот поминал низ Бугарија и преку граничниот премин во Русе се упатил преку Романија кон регионот на Одеса.

Ова е трета пратка од Македонија за Украина. Најпрво летово беа испратени тенкови, а потоа и борбени авиони Сухој.