Повозрасна жена остана без нејзиното синџирче на атинска плажа откако во моментите кога се подготвуваше да влезе во море, непознато лице насилно и го извади од вратот и побегна, а сето тоа го сними грчката телевизија Скај за време на вклучувањето во живо за сосема друга тема, јави дописничката на МИА од Атина.
Додека новинарот е во преден план и се подготвува за линкот, само неколку секунди пред вклучувањето, кусо пред 7 часот утрово, во заднина се случува кражбата, додека на плажата има и други граѓани.
Жената во шок, за „Скај“ рече дека сè се случило многу брзо, а станува збор за скапо ланче со дебел крст.