Манастирскиот комплекс Св. Наум во Охрид од вчера има своја метео станица и 24-часовно снимање од камера во живо и следење информации во живо, какви што поседуваат светските туристички места.

Како што пишува Охридинфо, станува збор за систем кој во дава информации за температурата, брзината и правецот на ветерот, како и информации за врнежи, притисок, УВ индекс.

Дел од овие податоци одат во живо заедно со камера на Јутјуб, а останатите заедно се складираат и се креира база на податоци за времето во Охрид и за комплексот „Св. Наум“.

Секој заинтересиран за временската состојба и моментална глетка во „Св. Наум“ ќе може во секое време да се информира.

Видео може и ТУКА.