Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне на места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. УВ индексот е 9.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната темпеература од 28 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Утринската темпеература ќе достигне до 19 степени, а дневната температура до 37 степени.

До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме. Потоа следува период на сончево и топло време.