За нас христијаните Македонија е симбол за влезот на христијанството на Запад, кажа неодамна починатиот папа Франциск, по неговата посетата на Република Македонија во 2019 година.

Папата Францсик во изјавата вели дека Бугарите имаат вековна традиција како народ и како држава, но и Македонците имаат вековна традиција како народ.

Франциск, кој е единствен папа што ја посетил Република Македонија, во долгата изјава јасно кажува за Македонците и Бугарите дека станува збор за два сосема различни народи.

Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 овој месец, а беше погребан на 26 април во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.

Целото видео и изјавата на оваа тема на папата Франциск може да ги погледнете и слушнете титлувани на македонски јазик ТУКА.

https://www.facebook.com/reel/696497219555624

(Подготви: Д. Г.)