Минималните пензии, со последното најавено покачување, ќе се зголемат за 36 денари, а просечната „дури“ за 63 денари.
Тоа, како што објави ТВ Сител, предизвикува револт кај околу 170.000 граѓани кои имаат пензија до 14.500 денари и се сметаат за ранлива категорија. Решение за проблемот со ниските пензии е враќање на старата формула за пресметка, зашто со новиот закон, растот на платите не влегува во пресметката, туку само инфлацијата.
Поради ова, иако платите годинава се зголемиле за 4 насто, пензионерите со новото порамнување ќе добијат симболични 0,4 отсто повеќе пари на своите сметки.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека се преземаат активности за подобрување на статусот на пензинерите.
Доказ за тоа се статистичките параметри според кои во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, а во јули 2019 година изнесува 14.530 денари.