Министерката за одбрана Славјанка Петровска, синоќа во „10 минути“ на ТВ21 ги коментираше обвинувањата од Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ кој обвинува за незаконска набавка од страна на министерството за одбрана за хеликоптери.

-Од коментарите што ги чув од него и од неговиот колега, дали до толку не знаат што зборуваат, или свесно го прават тоа за да ме омаловажат, да ги подријат процесите. Но, го знам одговорот. Кога ќе се сетам на целосната изјава на Николоски, кој е потпретседател на партијата, и потенцијален на министер за одбрана во сенка, кога кажува овие пари ќе ги пренасочеле во општините, сосема е јасно дека не им целта модернизација на одбраната, туку сакаат да ја вратат Армијата во 2017 година, онаму каде што ја оставија, рече Петровска.

Таа го покани Николоски на ТВ дуел:

– Еве, јас го канам господинот Александар Николоски на ТВ дуел во вашата телевизија, да зборуваме на тема хеликоптери, рече таа.

Извор: ТВ 21