Веднаш по завршувањето на Скопскиот маратон, градските служби започнаа со интензивно чистење на улиците по кои се одвиваше големиот спортски настан.

Екипите беа на терен веднаш по заминувањето на учесниците, со цел улиците што побрзо да се вратат во нормална состојба и граѓаните непречено да продолжат со секојдневните активности.

За кратко време беа отстранети отпадот и материјалите користени за организација на маратонот, а сообраќајниците беа исчистени и подготвени повторно да функционираат без пречки.

Брзото постапување на градските служби е позитивен пример како по голем настан со илјадници учесници и посетители може ефикасно да се организира чистењето и Скопје веднаш да се врати во вообичаениот ритам.

Скопскиот маратон заврши, а зад учесниците остана чист и уреден град.