Нови експлозии и нова активност е регистрирана на гватемалскиот Волкан де Фуего, како и земјотрес со јачина од 5.2 степени на 168 километри од Чиапас, Мексико.
Најмалку 33 лица загинаа, а стотици други беа повредени откако вулканот еруптира во неделата, зафаќајќи дел од домовите во три села во Гватемала, во Централна Америка. Цели села остануваат отсечени и чекаат помош.
Гватемалските власти организираат операции за спасување, а помош испрати и Израел, кој преку својата амбасада доставил храна, ќебиња и медицински материјал за погодените.