Видео на кое добро се гледа како нелегални мигранти од Африка се истоваруваат на шпанското крајбрежје и после тоа хаотично се разбегуваат на различни страни, објави Дејли меил.
На снимката се гледа како група од 30-тина луѓе со чамец на надувување се приближува кон крајбрежјето кај градот Алхисирас.
Британскиот весник истакнува дека само во изминатите седум дена на тој начин во Шпанија пристигнале 1600 мигранти. Тие сега тргнуваат од Мароко и минувајќи го Гибралтарскиот теснец, пристигнуваат во Шпанија.
Ова се случува откако Италија стави рампа на мигрантите кои доаѓаа од Либија, а Шпанија прифати неколку брода.