Видео во кое полицаец му удира шлаканица на момче испратија до редакцијата на Телма загрижени граѓани кои биле сведоци на настанот.
Според нивното кажување инцидентот се случил вчера попладне на партизанска во Карпош 4. Најверојатно полицијата го сопрела момчето за тоа што со своето возило поминал на црвено, но по тоа еден од полицајците му удира шамар, а друг го трга на страна и вебално го напаѓа. Телма праша во внатрешната контрола, од каде потврдуваат дека видеото стигнало и до нив утрово. Се работи на препознавање на полицајците по што ќе следува и понатамошна постапка, велат од внатрешната контрола. И според нив првичниот впечаток е дека полицијата без потреба употребила сила, но сепак конечната одлука ќе следува откако ќе се разговара и со припадниците на МВР.
Инаку покрај другото тие се на терен, а ниту еден од тројцата не носи ниту заштитна маска ниту ракавици и покрај мерките за задолжително носење кога не може да се држи дистанца.