Македонскиот историчар проф. д-р Бранислав Светозаревиќ вчера им одржа час по македонски јазик и македонска историја на бугарски новинари кои беа дојдени на откажаното отворање на бугарски клуб во Пустец во Албанија, каде што живеат само Македонци и нема Бугари.

Светозаревиќ со факти им одговараше на провокативните прашања на бугарските новинари зошто Македонците се против внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

– Во 21-от век Бугарите не признаваат цел народ. 300.000 Maкедонци не се во бугарскиот Устав. Далли ви е познато дека во пописот од 1956 година во Бугарија имало 180.000 Македонци во Пиринска Македонија.Дали во вашите учебници се учи некаде дека постои македонски народ, ги праша Светозаревиќ бугарските новинари, кои беа затекнати и немаа одговори.

Светозаревиќ рече дека Македонците и Бугарите се блиски народи и дека треба Бугарија да ја признае реалноста и тогаш двата народи може да бидат најголеми пријатели.

– Треба само да го признаете македонскиот народ и да сфатите дека постојат три милиони Македонци во светот. Во дипломатија е јасен реципроцитетот-се признава македонско малцинство во Бугарија и се признава бугарско малцинство во Македонија. Вие го злоупотребувате ветото. Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови во вашата лексика, рече Светозаревиќ во долгиот разговор со претставници на медиумите од Бугарија.

Тој цело време говореше смирено и со факти им одговараше на нивните прашања.

Видеото може да го отворите ТУКА.