Порталот Пресинг ТВ објави „пророштво“ на бившиот премиер Зоран Заев во врска со денешната состојба со лебот, смрзната цена и неколкудневното одбивање на пекарите да го продаваат.

„Како да беше пророк со изјавата пред две години и немањето на леб во Македонија. Позната е неговата изјава дека ЕУ и НАТО не се мачкаат на леб, но носат леб“, коментира Пресинг ТВ.

Некои од граѓаните велат абе тоа не се мачка на леб. НАТО и ЕУ не се мачкаат на леб ама носат леб за дома за да имаме повеќе пари во секое семејство за да имаме квалитетна инфраструктура.Затоа сите земји се борат да станат членки, говореше Заев пред гражаните.

Тој пред насобраните граѓани држеше говор во Шуто Оризари, каде што им порача дека штотуку се враќа од Берлин, да им пренесе убави вести за нашата земја. Заев, за да биде поубедлив во тоа што го говори, во говорот истакна дека тој се среќава со европските лидери. Неговиот говор може да го слушнете поопширно во видеото,