Протестите на земјоделците во Холандија продолжуваат и денеска, протести на земјоделци почнаа и во Италија, Франција и Полска кои тн. мејнстрим медиуми ги игнорираат, а денеска на протестите на холандските земјоделци им се придружија и децата.

Тие на свој начин ги поддржаа земјоделците во протестите против зелените политика на земјата. Децата ги следеа своите татковци, чичковци, дедовци… со своите детски трактори, багери и камиони.

Холандските фармери, лути од владините планови кои можеби ќе бараат од нив да користат помалку ѓубрива и да го намалат добитокот, започнаа протести со блокирање на дистрибутивните центри на супермаркети во неколку градови.

Протестите се поради намерите донесени минатиот месец за намалување на штетните азотни соединенија до 2030 година. Владата наведе дека е неопходно да се намали емисијата на азотни оксиди од ѓубривата на земјоделските фарми и употребата на амонијак во вештачките ѓубрива, како и да се намали сточниот фонд за 30 отсто. Одгледувањето крави, свињи и други животни ја направи Холандија водечки емитер на штетни материи во Европа.

За емисијата на штетни материи придонесуваат и градежништвото и сообраќајот. Холандските и европските судови и наложија на холандската влада да го реши проблемот. Земјоделците тврдат дека неправедно се издвоени. Протестот е поддржан од бројни групи земјоделци, но не е централно организиран.

Против протестите е мобилизирана војската и полицијата, која вчера пукаше во моме со трактор кое ја проби блокадата.