Заедничката медиумска конференција на украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден беше одбележана со интересен момент.

Новинар го праша украинскиот претседател Зеленски колку брзо по завршувањето на војната во Украина, таа земја би сакала да влезе во НАТО.

Зеленски немаше време ниту да одговори на прашањето бидејќи интервенираше Бајден.

– Еден час и 20 минути. Поставувате навистина длабоки прашања, саркастично додаде Бајден кон одговорот.