Откако бурата Иленија минатите денови погоди голем дел од Германија и го поплави Хамбург, таа продолжи да беснее во Полска и нанесе голема материјална штета. Ураганот бил толку силен што во полскиот град Краков превртел градежен кран.

Голем дел од куќите се уништени, а жителите кои се криеле во своите домови велат дека ситуацијата била многу пострашна отколку што изгледа на видео снимките.

Во селото Добжице очевидци велат дека настанало торнадо, што доколку е вистина, тоа би било второто забележано торнадо во Европа. Првото се случи летово во областа Моравија во Чешка на границата со Словачка.

Вкупно, невремето во Полска оштети 190 куќи и откорна покриви на 54 згради. Колку автомобили се оштетени засега не е објавено. Нема ниту информации за лица на кои им била потребна лекарска помош.