Силно невреме попладне во вторникот го зафати западниот дел од Германија, а најлошо е во градот Вупертал каде што силниот дожд улиците ги претвори во реки, а уништени се стотици автомобили.
На улиците завладеа хаос, кога обилен дожд ги претвори во реки, кои носеле се пред себе, па дури и луѓе, пренесе хрватскиот портал Индекс.
Силниот невреме и буицата срушиле и покриви на куќи и бензиски пумпи, а луѓето останале заробени во трговските центри.
Срушени се и простории од студентскиот дом во Вупертал, но за среќа нема повредени.
Засега нема информации за жртви, а спасувачките служби интервенираат, но тешката ситуација им ја отежнува работата.
Силно невреме го погодило и Дизелдорф, каде што паѓал град. Поплавени се многу куќи, сообраќајот е парализиран, а откажани се и некои летови на аеродромот.