Попладнево по 17 часот, маж се потурил со бензин и се самозапалил во гаража на куќа на улицата „Никола Карев“ во Прилеп, објави порталот Маркукуле.
Според информациите од очевидци кои го виделе целиот настан, човекот починал на лице место.
Екипи на полицијата и територијалната противпожарна единица пристигнале на лице место.
Други медиуми објавија вест дека „прилепчанец бил полеан со бензин од друго лице“, но не е познато дали станува збор за истиот случај.
Повеќе информации ќе бидат објавени подоцна по расчистувањето на случајот.