За мене како министер од првиот ден на стапување на функција се уште останува и ќе остане приориетет број еден новиот Клинички центар, вели министерот за здравство Беким Сали.

– Тоа е комплексен проект кој бара неколку решенија меѓу кои и финансискиот дел. Поради немање моментално до сега до денес најдобро финансиско решение за тој проект продолжуваме со реновирање, адаптирање и унапредување на сите наши Клиники во целата наша држава, изјави вчера Сали, објавува ТВ 21.

Сали денеска на средба само со новинарите информира дека новиот Клинички центар во Скопје кој ќе се гради во Веле Поле со странски пари.

– Новиот Клинички би требало да биде надвор од градот. Имаше две опции Илинден и Веле Поле (Ѓорче Петров), но со оглед на тоа дека првата е индустриска зона и веќе се продадени маркиците, останува Велеполе. Ќе се гради со странски пари, вели министерот Сали.

На ова, опозицијата гледа како на ново задолжување. Се сомневаат дали постои студија воопшто. И лани ветуваа, а нема документација во делот на инфраструктура- велат.

– Продолжуваат лагите 6-та година. Само се ветува, секоја година, само што не почнала изградбата. Залудни се ветувањата државното здравство е во колапс на штета на граѓаните. Да не крадеа ќе имаше пари за се, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Видеото може да го отворите ТУКА.