Репрезентацијата на Гана во одлично расположение го очекува вечерашниот натпревар против Хрватска, кој ќе одлучува за пласман во нокаут-фазата на Светското првенство.
Во пресрет на клучниот дуел, од таборот на африканската селекција објавија видео од тимскиот хотел, на кое може да се види опуштената атмосфера меѓу фудбалерите.
„Целосно сме фокусирани и подготвени за вечерашниот натпревар против Хрватска“, порачаа од Фудбалскиот сојуз на Гана.
🥁 Jama session + matchday energy at the team hotel. Locked in and ready for Croatia tonight. ⚔️#BlackStars | #FIFAWorldCup pic.twitter.com/hgurKMrOSX
— 🇬🇭 Black Stars (@GhanaBlackstars) June 27, 2026
Во центарот на вниманието беше џама – традиционалната навивачка музика во Гана, која е неизоставен дел од фудбалската култура на оваа западноафриканска земја. Станува збор за ритмично пеење проследено со тапани, ракоплескање и танц.
Гана последното коло од групата Л го дочекува на второто место со четири бода и одбрана која сè уште нема примено гол на турнирот, додека Хрватска мора да освои позитивен резултат доколку сака да ги задржи шансите за пласман во нокаут-фазата.




