Двајца полицајци физички се пресметувале во прилепското село Кривогаштани рано утрото за Велигден. Снимка од караница, пцуење и разделување во Кривогаштани кружи на социјалните мрежи. Инцидентот се случил на првиот ден од Велигден, а се гледа како двајца полицајци се тепаат меѓу себе. Службените лица се родум од исто село, Житоше. Настанот се случил неколку минути пред пет часот наутро, односно пред разденување.

-О, ку*во ку*восана, мрш таму, се слуша на снимката.

Од МВР соопштија дека случајот се расчистува.

-Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, соопшти СВР-Битола.

Причината за тепачката помеѓу двете службени лица, кои се облечени во службени униформи засега е непозната.