Телевизиската презентерка и „најбрза жена во светот“, 30-годишната Џеси Комбс загина во несреќа во пустината Алворд, додека се обидуваше  да го урне сопствениот рекорд.

Деталите за несреќата не се познати. Сепак, според американските медиуми, 36-годишната Американка загинала обидувајќи се да го урне рекордот.

– Нејзиниот сон беше да стане најбрзата жена на Земјата. Таа беше една од ретките сонувачи со храброст да ги претвори соништата во реалност и возеше побрзо од која било друга жена во историјата – објави нејзиното семејство.

Во септември 2013 година, Комбс стана најбрзата жена на четири тркала во светот.

Тогаш  таа достигна брзина од 631 км/час додека возеше автомобил на млазен погон North American Eagle Supersonic Speed.

Инаку, Eagle е возило составено од остатоци од млазен авион F -104 Локид Стартфајтер.