Огромна дупка која води длабоко во земјата се наоѓа во близина на градот Мирњи во руската сибирска област Јакутија која има толку моќ што може да проголта хеликоптер во лет, поради што надлетувањето било забрането.

Како што објавува британски Експрес, според некои теории дупката е толку длабока што може да повлече хеликоптери во лет поради моќниот воздушен вител кој се создава. Британскиот весник додава дека воздушниот простор над овој некогашен рудник е затворен за летови.

Причината за тоа, наводно, биле неколку инциденти во кои летала биле повлечени од воздушните струења.

Иако не постојат официјални извештаи за несреќи, објаснувањето за воздушниот вител има смисла, затоа што топлиот воздух кој се издига од јамата се судира со поладен воздух. Тоа може да ги попречи хеликоптерите да го прелетаат напуштениот рудник односно да предизвика губење на висината над самата дупка.

Отворената јама на рудникот Мир била во експлоатација од 1957 година, кога советските научници откриле огромен дијамант длабоко во земјата. Но, поради екстремните климатски услови, земјата била замрзната повеќе од половина година, експлоатацијата била отежната, а опремата замрзнувала. Во тој регион во зима температурата се спушта и до минус 50 степени Целзиусови, а најблискиот поголем град бил на 250 километри.

И покрај тоа, во 1960-тите години од рудникот се ваделе 10 милиони карати дијаманти годишно. Според Би-Би-Си, додека бил активен, од рудникот се произведени дијаманти во вредност од 10 милијарди фунти. Неговата јама е длабока 525 метри, што го прави четвртиот најдлабок рудник во светот, со отвор на површината од 1.200 метри.

Рудникот беше затворен во 2004 година, а производството престанало три години претходно.