Социјалните мрежи се преполни со коментари за актуелната ситуација и аферата Рекет, во која сега сите се оградуваат од притворениот Боки 13 и демантираат дека соработувале со него.

На Твитер корисникот БаБаРоГ (со коси црти) коментира: Гласот на Катица бил намонтиран… А за демантите на Зоран Заев додава:

– Заев демантира дека е поврзан со Боки Тредичи. Заев демантира дека земал евра за Вицето. Заев демантира дека зел мито за Глобал. Заев демантира дека ќе се менува името. Заев демантира дека ќе има двојазичност. Заев демантира дека ќе се менува Уставот, коментира БаБаРоГ (со коси црти) и заклучува: Зошто не би му верувале?!