Руски борбен авион го протера воениот авион на НАТО, кој му се приближил на авионот во кој бил рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, над неутралните води на Балтичко Море, објави руската новинска агенција Спутник

Шојгу се враќал во Москва од руската балтичка енклава Калининград, опкружена со членките на НАТО Полска и Литванија.

Шпанскиот Ф-18 стациониран во Литванија се обидел да му се приближи на авионот на Шојгу, по што еден од двата руски Сухој-27 го протерал.

Видеоснимката објавена во руските медиуми покажува како рускиот авион нагло свртува лево кон авионот на НАТО, принудувајќи го да се оддалечи.

Шојгу бил во Калининград на свечен почеток на изградба на нова воена академија.