Иако сега сме Северна Македонија, пак е 40 степени, му одговори на шега премиерот Зоран Заев на неговиот бугарски колега Бојко Борисов, кој на почетокот од средбата на двете делегации на Самитот во Познањ, во неформален разговор го праша Заев „како е во Скопје?“.

Министерот Никола Димитров дипломатски и кусо одговори само дека е „многу жешко“.

Борисов му одговори на Заев дека претходните 2-3 дена бил во Брисел и не ја почуствувал жегата.

Двете делегации, македонската и бугарската учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Скопје и Софија наредната година ќе бидат домаќини на овој Самит кој е во рамки на Берлинскиот Процес.