Главен критериум нема да биде партиската книшка, туку стручноста и работното искуство!
Така говореше Зоран Заев како опозициски лидер во Република Македонија. И се колнеше дека ни на крај памет не му доаѓа да го чепка Уставот и да го менува уставното име на Република Македонија. И, голем број од граѓаните му поверуваа.
Денеска Зоран Заев е премиер на Република Северна Македонија, а што од ветеното е остварено, граѓаните чувствуваат на својата кожа и во своите џебови.
Видеото, што е позајмено од Фејсбук страницата „Чао Заев“ е само едно мало потсетување.
И заедно со таблите со Северна Македонија и една новокомпонирана поговорка во државата со ново име: Политичар уставот го менува, ама не и ќудта!