Акцијата на Владата на Зоран Заев за хеленизација на се што од е антиката го зафати и споменикот на Александар Македонски во Прилеп.

На споменикот на античкиот воин на плоштадот Александрија во Прилеп денеска беше поставена Заева табла на која пишува дека „Александар Велики е историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно наследство“.

Таблата, за разлика од таа на споменикот на Воинот на коњ во Скопје, е напишана само на македонски и на англиски јазик, но не и на албански. И, според граѓаните, како и според снимката на Јутјуб, забележливо е дека Заевата фуснота е миниијатурна во однос на споменикот.