Владата која веќе е подолго без ограда, за одржување на зелените површини ќе потроши од 783.000 буџетски евра.

Според објавеното на Електронскиот систем за јавни набавки, склучен е договор со Друштвото за производство, трговија и услуги „Триста-груп“ ДООЕЛ Скопје. Таа е компанија која единствена поднела понуда за овој тендер, а единствениот критериум бил најниска цена.

Во објавата стои дека вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 48.158.254 денари или околу 783.000 евра.

Претходно, максималната сума која Владата и ја платила на фирмата Триста била 47.000 евра. Меѓу добрите клиенти на оваа фирма е и Општина Карпош со 56.000 евра, а Општина Кисела Вода и платила на Триста „само“ 40.000 евра за цвеќиња и зеленило.