Мери Рејнолдс (89), која живее во Епинг, Есекс, за прв пат стана двојник на кралицата во 1988 година, но всушност првпат и беше кажано дека многу личи на кралицата кога имала 17 години, објавија британските медиуми.
Таа се појави во телевизија и филм, со некои од нејзините значајни моменти, вклучувајќи ја и главната улога во комедијата Булси од 1990 година со покојниот Сер Роџер Мур, како и појавувањето во серијата Doktor Hu.
Двојничката на кралицата Елизабета Втора рече дека одлучила да ја напушти работата по 34 години „од почит“ кон британскиот монарх со најдолг стаж, кој почина во четвртокот, но сепак ќе ја чува својата „кралска“ облека во спомен на жената која ја „ чувствувала“ како член на семејството“.