Зима сред лето се случи во Европа. Социјалните мрежи се наполнија со фотографии и видеа на кои се гледа зимска идила во Италија и Швајцарија.

Снег падна во северниот дел на Италија, во планинскиот дел Стелвио, што се наоѓа на границата со Швајцарија, на висина од околу 2.757 метри.

Снег заврна и во Швајцарскиот на некои од повисоките делови, како што е планинскиот врв висок 2.693 метри, каде што има неколку лаборатории на Институтот за снег и истражување лавини.